Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија загуби од репрезентацијата на Норвешка, во разигрувањето за пласман од 9-16 место на ЕП кое се одржува во Романија.
Иако одигравме добро прво полувреме во кое имавме предност од 11:9, сепак по истекот на 60.минути славеше Норвешка со резултат 23:29.
Од вардаровите ракометарки, во листата на стрелци се запишаа Бојана Коцева, која беше и втор најефикасен играч во нашиот состав со 4 голови, додека Сара Стефаноска постигна 1 гол.
Денес, не очекува натпревар против селекцијата на Србија.