Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Танчев со два гола донесе победа за пионерите
Танчев со два гола донесе победа за пионерите

Танчев со два гола донесе победа за пионерите

Пионерските екипи на Вардар гостуваа кај Шкупи, на овие дуели имавме половичен ефект.

Помладите пионери на ова гостување беа совладани со минимални 1-0. Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0. Ние бевме во игра за бод се до 80.минита кога противникот ги постави конечноте 1-0.

Вардар: Ѓорѓиески Јован, Ивановски Алексеј, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Стојанчевски Ненад, Каруловски Кристијан, Крстевски Антонијо, Давитов Петар, Бакрачески Бобан и Дамевски Филип.

Шкупи – Вардар 0:2 (0:2}
Одличен натпревар за нашите пионери .
Натпреварот го започнавме со константна иницијатива и тоа резултираше со гол.
После една добра акција Радески асистира до Танчев а овој го лобуваше голманот за 0:1.
Веднаш потоа Мирза Хасиќ шутираше на гол , топката удри во рака на еден противнички играч и беше досуден пенал.Сигирен реализатор беше капитенот Михаил Танчев и со неговиот втор гол поведовме со 0:2.
Исто така во прво полувреме бележиме наши шанси преку Цониќ и Танчев но без реализација.
Во второто полувреме имавме одлична игра во поле и голем посед но без гол на двете страни.Бележиме удар на Шаботиќ и одбрана на Стефан Нанчовски кој фати одлично изведен слободен удар.

Пионери Вардар: Нанчовски Стефан, Атанасовски Лука, Јанкоски Драгана, Туша Харбин , Цониќ Максим, Шаботиќ Емир, Танчев Михаил, Анастасов Матеј, Радески Златко , Хасиќ Мирза и Бектеши Хабиб