Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците со домашни победи над Шкупи
Кадетите и младинците со домашни победи над Шкупи

Кадетите и младинците со домашни победи над Шкупи

Вчера кадетите и младинците беа домаќини на Шкупи и забележаа победи.

Вардар кадети➡️Данчевски Данстак Андреј, Митревски Матеј, Петровски Андреј, Јакимовски Лука, Лефковски Давор, Николовски Марко, Рахми Рами, Радевски Филип, Уневски Никола, Стојановски Христијан и Ѓорѓиевски Матеј.

На оваа средба дојдовме до голема победа со погодок во 77.минута. Лефковски Давор искористи пробив и асистенција на Николовски Марко, па стрелаше одлично за 1-0 кој беше конечен резултат. Имавме прилики неколку на оваа средба, една имаше стрелецот Лефковски, а исто така се закани и Лука Јакимовски кон голот на Шкупи. Голема победа за црвено-црните против тим од топ-3 екипите на табелата во кадетската лига.

Младинци Вардар➡️Филевски Никола, Ајетовиќ Нуман, Стојилевски Марко, Кулуковски Влатко, Здравковски Огнен, Бундалески Максим, Кузмановски Михаил, Здравковски Симеон, Цветков Горјан, Спасиќ Тино и Јовановски Филип

Младинците победија со 3-1. Најпрвин поведовме со 1-0 преку Цветков Горјан кој во 32.минута погоди по одбиена топка и беше највешт. Со предност 1-0 заминавме на одмор. Противникот во 66.минута изедначи на 1-1. Имавме слободен удар топката ја зема Здравковски Огнен, од 25.метра ефективно погоди за предност со 2-1. Истиот играч изведе одличен слободен удар, овој пат голманот одби но до Бундалески Максим кој во 78.минута ги постави конечните 3-1.