Ракометниот клуб Вардар излезе со информација за поволности околу купувањето на билет за последниот дуел во ЕХФ ЛШ на домашен терен од групната фаза против актуелниот европски шампион, тимот на Монпелје. Во истата се вели следното:
Вардар е веќе пласиран во осминафиналето на ЕХФ лигата на шампионите, а на 2 март во СЦ „Јане Сандански” го играме последниот меч од групната фаза против Монпелје од Франција.
Нашите момци се исто така пласирани и на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, а ни следува и дерби средбата против ППД Загреб што треба да се игра на 27 февруари во 20,15 часот во Скопје.
Следните денови ќе имаме акција со која за СЕКОЈ КУПЕН билет за натпреварот Вардар – Монпелје ќе добиете и бесплатeн билет за средбата Вардар – ППД Загреб.
Билетарницата во СЦ „Јане Сандански” работи секој работен ден од 10 до 18 часот.
Он лајн може да се купат билети постојано. Доколку купите билети онлајн, тогаш заедно со ваучерот треба да дојдете во билетарницата (може и на денот на самиот натпревар) за да ги подигнете бесплатните билети за натпреварот од СЕХА лигата.
Повеќе детали за продажбата и цените можете да најдете на www.ticketplus.mk