Александар Ставрев е делегиран за главен судија на натпреварот под Шара на кој играат Ренова и Вардар. Помошници на Ставрев ќе му бидат Кировски Марјан и Костадинов Дејан. Четврти судија ќе биде Василевски Даниел, сите доаѓаат од Скопје.
Се надеваме дека овој пат нема да имаме судење како на дуелот со Шкендија на истиов стадион и дека судењето ќе биде на задоволително ниво.
Дуелот под Шара се игра в недела од 14.00 часот.