Женскиот ракометен клуб Вардар оваа пролет има 100% ефект во младинската лига, факт што радува пред утрешниот Куп-дуел со Гевгелија. Вчера посветивме внимание на одличната одбрана и фантастичното голманско трио во текстот (Пулените на Царчев, вардаровите голманки со неверојатни 52% успешност, Грујовска со највеќе интервенции…). Денес ќе анализираме како вардарки се немилосрдни во нападот. На четири меча тие имаат просек од 37.гола по дуел што е за секоја пофалба. Противниците едноставно се оставени само да ги “бројат“ затресувањата на нивните мрежи од пеколниот вардаров напад. Симовски Симе одлично ја пронајде оваа пролет добитната комбинација во нападот. Станува збор за искусен тренер во женскиот ракомет кој успева да создаде тим кој е доминантен на дуелите во кој настапува.
На врвот на листата со најмногу голови оваа пролет е Ивона Трпевска, девојка која одлично влезе во новата 2019. Таа казнува немилосрдно од контри, а погодува атрактивно и од позициони напади. Зад своето име има 30 гола, односно постигнува високи 7,50 погодоци по одигран дуел што е бројка за респект. Зад неа со само гол помалку е Мирјана Петковска, вардаровото крило има 29 гола. Покрај головите од нејзините типични позиции, Мими успешно изведува оваа пролет и седмерци. Третта на листата на стрелци е Ана Марија Божиновска, таа ова пролет игра на ниво погоре. Организаторот на играта на црвено-црните има одлични 94% реализација при ударите.
Кога сме кај “најкорисните“ девојки на врвот на листата со најголем процент е Кети Ангеловска. Таа од 12 удари погоди исто толку во мрежата на ривалите. Има 100% ефект при обидите за погодок, едноставно не троши залудно топки кога ќе реши да атакува на противничкиот гол, погодува без промашување. Исто така 100% има и Гроздановска Ангела , но таа во четири меча погоди само 5 пати. Интересен факт е дека Божиновска и во оваа категорија е во топ-3 со нејзините 94% ефикасност.
Листата стрелци со % на ефикасност изгледа вака:
1.Трпевска Ивона 30 гола, (70%)
2.Мирјана Петковска 29 гола (69%)
3.Ана Марија Божиновска 15 гола (94%)
4. Милица Николиќ 13 гола (57%)
5. Кети Ангеловска 12 гола (100%)
6.Стефанија Ѓорѓиевска 12 гола (75%)
7.Бојана Диневска 12 гола (67%)
8. Катерина Дамјановска 7 гола (78%)
9.Сара Миновска 6 гола (75%)
10.Гроздановска Ангела 5 гола (100%)
11. Ангела Костовиќ 4 гола (67%)
12. Џатевска Ивана 3 гола, (50%)
13. Златица Василевска 1 гол ( 33%)