Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со набиена агенда, денес го пречекува Пелистер утре тимот на РК Пролет
РК Вардар со набиена агенда, денес го пречекува Пелистер утре тимот на РК Пролет

РК Вардар со набиена агенда, денес го пречекува Пелистер утре тимот на РК Пролет

Ракометарите на Вардар  последните натпревари од плејофот од Супер лигата  ќе ги одиграат со забрзано темпо. Причина е  да добијат повеќе време за подготовка за Ф4 турнирот во ЛШ. Тие денес, понеделеник и утре, вторник двапати ќе бидат домаќини во плејоф сегментот.

Денес    ќе го пречекаме тимот од Битола, екипата  на Пелистер, утре  ќе играме со скопски РК Пролет. Двата меча ќе ги играме во малата сала во СЦ „Јане Сандански” со почеток  во 17-00 часот. До крајот ќе ни остане само уште дуелот в гости со Металург од последното коло. Сепак со победа на  два домашни натпревари и теоретски ќе ја обезбедиме титулата во првенството. Кон крајот на оваа  недела треба да ги играме и натпреварите од Купот на Македонија. Во петок играме со Пелистер, финалето од Купот во кое повеќе од извесно ќе бидеме дел,  се игра во сабота на 19-00 во салата “Младост“ во Битола, која е домаќин на овој Ф4.