Андреа Лекиќ одигра два феноменални натпревари на завршниот турнир, но за жал вардарки не успеаа да стигнат до Европската титула. За крајот на оваа сезона, ЕХФ направи избор на пет најубави голови на Ф4 турнирот, а најубавиот гол е за Андреа Лекиќ и тоа она нејзина мајсторија, кога на 20 секунди пред крајот на финалето успеа да ја совлада голманката на Ѓер и да донесе предност на Вардар. Сепак не издржавме во последниот напад да се одбраниме, кога погоди Талеска. Во ТОП-5 најубави погодоци место имаше и за Барбара Лазовиќ, која го постигна тгретиот најубав гол на овој завршен турнир.
Погледнете ги најубавите пет гола на завршниот турнир, на линкот, ТУКА.