Во саботата во спортската сала “Гоце Делчев“ во населбата Илинден се одигра завршниот турнир во Вардар јуниор лигата во генерација 2002/2003 во машка категорија. По доделувањето на медалите на најуспешните тимови беа наградени и најдобриот голман и најдобриот играч по одлука на тренерите кои ги водеа екипите учесници и беше доделено признанието за најдобрар стрелец на играчот кој постигна највеќе погодоци. Во оваа генерација до злато дојде РК Кале од Кичево, втори беа момците на РК Преспа Вардар, а “бронзата“ заврши кај РК Опш. Кисела Вода Вардар. Наградени беа: Арсовски, Лазаров и Костовски.
Давид Арсовски од “сребрениот“ тим на РК Преспа Вардар од Ресен е најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија наградата за постигнувањето го доби од Марија Папуџиева одговорната за проектот во Ракометната академија Вардар.
Никола Лазаров од РК Кале Вардар од Кичево, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот голман на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија признанието го доби од тренерот на голмани на Вардар, Александар Царчев.
Михајло Костовски од РК Преспа Вардар, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот играч на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија одговорниот за машките селекции Алексеј Растворцев му го врачи признанието.