Викендов во салата “Гоце Делчев“ во населбата Илинден-Скопје се одигра завршниот турнир во Вардар јуниор лигата во генерација 2006/2007 во машка категорија. По доделувањето на медалите на најуспешните тимови беа наградени и најдобриот голман и најдобриот играч по одлука на тренерите кои ги водеа екипите учесници и беше доделено признанието за најдобрар стрелец на играчот кој постигна највеќе погодоци. Во оваа генерација злато го освои РК Бисинов, втори беа РК Урдаревски, а момците на РК Драчево Вардар “бронзени“. Наградени беа: Балов, Антиќ и Ѓошевски.
Александар Антиќ од Ангели Вардар е најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2006/07 машки. На свечената церемонија присуствуваше одговорниот за машките селекции Алексеј Растворцев, кој му го врачи признанието.
Јованче Ѓошевски од Бисинов Вардар, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот голман на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2006/07 машки. Наградата му ја додели тренерот на голмани во црвено-црниот тим, Александар Царчев.
Томче Балов од Бисинов Вардар, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот играч на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2006/07 машки. На свечената церемонија наградата му ја додели Марија Папуџиева од Ракометната академија Вардар.