Вардар по втор пат успеа да го освои сребрениот медал на завршните турнири во Лигата на Шампионите и тоа откако втор последователен пат беше поразен во големото финале од екипата на Ѓер. Ова беше последна шанса да се стигне до толку посакуваниот трофеј, но едноставно немавме среќа во финалниот дуел, кој го загубивме по продолженија. Сепак не престануваат признанијата на сметка на црвено-црните и по одигрување на финалето. Лекиќ и Лејно се најдоа во трите најдобри ѕвезди на Ф4 турнирот. Лејно беше феноменална на двата завршни натпревари, против Ростов Дон имаше 14 одбрани, додека финалето против Ѓер го заврши со 17 успешни интервенции. Лекиќ пак беше најдобар стрелец и на двата натпревари и беше нашиот предводник во нападот. Во овој избор се најде уште и ракометарката на Ѓер, се работи за Нике Грот.
Видеото со трите најдобри ѕвезди на Ф4 турнирот, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.