Веќе традиционално пред секој Ф4 турнир во регионалата СЕХА Газпром учесниците ја покажуваат и својата општествена одговорност, и на одредена установа и донираат средства што и се потребни за нормално функционирање. Нашиот РК Вардар постојано е дел од Ф4 турнирите, а овојпат Скопје е местото на одигрување на натпреварите. Донацијата што беше подготвена од СЕХА лигата и клубовите и беше доделена на Јавната Установа дом „11 Октомври” во Скопје. Она што им беше потребно на членовите на домот беа телевизор и бојлери, и токму тоа им беше донирано.