Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар против Брест Мешков, во борба за ново финале во СЕХА-лигата
Ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар против Брест Мешков, во борба за ново финале во СЕХА-лигата

Ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар против Брест Мешков, во борба за ново финале во СЕХА-лигата

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански започнува ракометен спектакл, седиште на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата, а на крајот само еден тим ќе може да го подигне трофејот во ова натпреварување. Вардар е актуелен бранител на титулата и истата ќе се обиде да ја одбрани пред своите навивачи. За да да се случи такво нешто, најпрво треба да го добиеме полуфиналниот дуел против екипата на Брест Мешков.

Ова ќе биде 13-сето меѓусебно соочување на овие две екипи, седум победи има Вардар, три му припаднале на Брест Мешков, додека два натпревари завршиле со нерешен резултат. Денешниот противник е единствената екипа која успеа во регуларниот дел од сезоната да ни одземе бодови, играјќи со нерешен резултат на дуелот одигран во Белорусија, кој беше прв за црвено-црните во новата година, после завршување на Европското првенство во Хрватска.

Брест заврши на четвртото место во регуларниот дел од сезоната, каде на 18 одиграни натпревари имаше 10 победи, 1 нерешен резултат и дури 7 порази. Најдобар стрелец на тимот во ова натпреварување е Александар Скурински, кој има постигнато 49 голови. Голем “хендикеп“ за противникот на денешното полуфинале ќе биде отсуството на Растко Стојковиќ, Петар Ѓорѓиќ и Костантин Игропуло кои поради повреди не можат да му помогнат на својот тим. Од друга страна, Вардар би требало да излезе на терен со најсилниот состав, освен неизвесен е Лука Циндриќ кој се повреди на последниот меч за Хрватска која играше контролен дуел против Шведска.

Вардар е фаворит, но Брест Мешков секогаш се покажувал како опасен противник. Квалитетот и домашниот терен се на страната на Вардар, а триумфот ќе значи финале и борба за четвртиот трофеј во ова натпреварување. Дуелот ќе започне од 17:45 часот, се надеваме на полна сала и голема поддршка од трибините за нашиот шампион.