Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре гостува кај РК Металург-2
Вардар Јуниор утре гостува кај РК Металург-2

Вардар Јуниор утре гостува кај РК Металург-2

Утре на програмата во плеј-оф сегментот од машата Супер лига продолжуваат натпреварите од 4.коло по пауза од еден викенд поради одигрувањето на четвртфиналните групи во Купот на Република Македонија во ракомет. Вардар Јуниор во ова коло од плеј-аутот е гостин на екипата на РК Металург-2.

Момците на Стојан Петрушевски гостуваат утре, сабота, 28.април  во салата во населбата Автокоманда. Натпреварот се игра со почеток во 15 часот и 30 минути. Вардар има 12 бода и е на предпоследната позиција, на позицијата пред нив со бод повеќе е сино-белиот тим. Двата тима се борат да ја избегнат последната позиција на која моментално е РК Прилип 2010 со 10.бода која носи во баражот за пополнување на Супер лигата против тимот кој ќе заврши на втората позиција во Првата ракометна лига на Македонија.