Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судиска двојка од Чешка делегирана за реваншот помеѓу Вардар и Кил
Судиска двојка од Чешка делегирана за реваншот помеѓу Вардар и Кил

Судиска двојка од Чешка делегирана за реваншот помеѓу Вардар и Кил

Судиска двојка од Чешка е делегирана за реванш натпреварот од четвртфиналето, помеѓу екипите на Вардар и Кил. Се работи за  Вацлав Хорачек и Јири Новотни кој ќе го судат овој дуел, кој ќе го реши патникот на завршниот турнир во Келн.

Вардар со предност од еден гол ќе го започне реваншот во С.Ц. Јане Сандански, откако триумфираше на првиот дуел кој се одигра во Германија. Се надеваме на фер и непристрасно судење на овој меч, на кој Кил го очекува пекол со оглед дека целата арена е веќе распродадена и нема билети во продажба.