Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > (ВИДЕО) РК Вардар јуниор во сабота го пречекува во “Кале“ тимот на Металург-2
(ВИДЕО) РК Вардар јуниор во сабота го пречекува во “Кале“ тимот на Металург-2

(ВИДЕО) РК Вардар јуниор во сабота го пречекува во “Кале“ тимот на Металург-2

Продолжуваат возбудувањата и овој викенд за “младите вардарци“- тимот на РК Вардар јуниор во Супер лигата. Избраниците на Пепи Манасков во ова седмо суперлигашко коло го пречекуваат на домашен терен “фенерџијата“ во лигата тимот на РК Металург-2.

Дуелот е закажан за 24 октомври-сабота со почеток во 12-00 часот. Нашите црвено – црни надежи својте ривали од Автокоманда ќе ги пречекаат во Спорскиот рекреативниот центар “Кале“. Вардар атакува на четвртата победа во најквалитатната македонска ракометна лига, досега по 6 кола имаме 9 освоени бода.  Вардарци во следното коло го пречекуваат тимот на РК Работнички кој во моментов со Металург го дели врвот на табелата со по 15 бода. Се очекува од нашите момци да ја презимат фаворитската улога и на тимот “сино-белите“ да му го нанесат 7-от пораз од исто толку дуели во лигата.

На следното видео може да го погледнете прегледот на изминатото суперлигашко коло, а нормално во него може да ги проследите најинересните моменти од мечот на Јуниор нагости кај РК Тинекс Пролет-62 кај што однесе победа.