На почетокот на следниот месец ќе биде ЕХФ неделата во која ќе има натпреварите на машките репрезентации, а играчите кои се повикани за својте земји ќе се приклучат на сениорските селекции. Нашиот црвено – црн шампион ќе има дури 13 повикани ракометари во пет различни земји.
Највеќе има Русија – четворица варарци па нашата земја со тројца репрезентативци, а Шпанија, Србија и Хрватска ќе имаат по два црвено-црни играчи во својте редови. Во повиканите играчи се вбројуваат и Стојанче Стоилов и Александар Деревен кои се во процес на рехабилитирање на повредите и истите нема да може да настапат во првата недела од ноември кога ќе се игра ЕХФ неделата. Ова е списокот на повикани 13 играчи за својте селекции за “ЕХФ неделата“ :
РУСИЈА
Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Александар Деревен /повреден/.
МАКЕДОНИЈА
Филип Лазаров, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов /повреден/.
ШПАНИЈА
Хорхе Македа, Алекс Душебаев
СРБИЈА
Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ
ХРВАТСКА
Лука Циндриќ, Игор Карачиќ