По заминувањето на Дејан Милосављев, неговото место во РК Вардар, помеѓу стативите го презема Артурс Кугис. Новото засилување на црвено-црните заедно со Калифа Гедбан и младиот Марко Кизиќ го сочинува голманското трио на европскиот првак. Официјалниот сајт на Вардар изготви интервју со голманот на нашиот шампион.
* Во Вардар си неколку месеци. Кои се твоите впечатоци?
„ Моите впечатоци се добри. Од првиот ден се чувствувам добро тука и мислам дека направив одлична работа со одлуката да потпишам за Вардар.
* Ти недостасува ли нешто?
„Од ракометната страна не ми недостасува ништо. Нормално ми недостигаат некои мои пријатели и семејството, но тоа е спортски живот.
* Колку е различно играњето во Вардар во однос на претходните клубови каде што досега си играл?
„Разликата помеѓу Вардар и сите други клубови е голема. Ова е најпрофесионален клуб и највисоко ниво каде што сум играл. Досега играв против репрезентативци, а тука конкуренцијата е поголема и имам шанса да играм против екипи во ЕХФ Лигата на шампионите и СЕХА Газпром лига. А конкуренцијата сега е многу посилна.
* Речиси постојано сте на пат, во СЕХА лигата, во Лигата на шампионите. Дали тоа малку ве заморува влијае на игри и резултати?
„За мене не беше лесно на почетокот. Затоа што мора да патуваме многу. Но, клубот дава се од себе за нас секогаш сме еден или два дена пред натпреварот таму и да имаме време да се подготвиме за сите предизвици.
* Тешко е да се наследат Штербик и Милосавjeев. Сите очекуваат Кугис да бидат на исто ниво?
„Не знам што очекуваат другите луѓе или играчи. Но, јас сум тој што сум, и се обидувам да дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар. Штербик и Милосављев се голмани од светска класа и сакам да бидам на исто ниво.
* Секој играч има своја приказна при изборот на број на дресот. Која е твојата причина за изборот?
„Мојот дрес е со број 92. Роден сум во 1992 година. Од прв пат, кога ќе почнам да играм во странство, го користам бројот 92 и продолжувам исто во Вардар.
* Има ли нешто што најмногу го сакаш во Вардар или те импресионира?
„Го сакам начинот на кој луѓето не поддржуваат. Остануваат со нас во добри и лоши периоди, по секој меч ни пеат песни и ни даваат огромна поддршка.
* Претходната сезона многумина не му веруваат на Вардар, а клубот пристигна во Келн и ја освои титулата. Каде го гледате Вардар на крајот на сезоната?
Вардар минатата година покажа дека се е можно. Може да бидете на 1,2,3 место во групата … но сепак имате шанса да играте во Келн. Сега е важно сите играчи да се вратат во тимот од повредите, да заздрават и да можеме да останеме здрави до завршувањето на сезоната. А сезоната е долга и се е можно.