Се сеќавате ли на напаѓачот од Србија, Драган Ќеран, играч од кој Вардар прерано се откажа?
Ќеран дојде во ФК Вардар во сезоната 2015/16, но одигра само 12 натпревари, постигна 5 погодоци и си замина од редовите на „црвено – црните” поради како што тогаш се говореше – недоразбирања со својот тогашен стратег, Гоце Седлоски.
По заминувањето од Вардар, Ќеран направи трансфер во Узбекистан каде буквално ги мина(ува) најубавите мигови од својата фудбалска кариера. Најпрвин овој напаѓач замина во Насаф, одигра три супер години, за потоа да направи трансфер во најдобриот тим на oваа земја Пахтакор, каде одигра оваа сезона 22 натпревари, постигна дури 23 погодоци (најдобар стрелец), а го освои и Купот на оваа земја, каде што исто така беше стрелец на три погодоци. По овие феноменални партии, Ќеран доби и понуда да игра за репрезентацијата на Узбекистан. Според специјалниот портал „Transfermarkt“, Ќеран во овој момент вреди еден милион евра на трансфер пазарот.
Вардар прави многу „утки” околу доведување на квалитетен играч странец во нападот, со Ќеран погоди, но повторно недостасуваше нешто за да гледаме квалитетен напаѓач на Градски.