Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Преполовениот“ Вардар ја победи Војводина за петти триумф во СЕХА-лигата
„Преполовениот“ Вардар ја победи Војводина за петти триумф во СЕХА-лигата

„Преполовениот“ Вардар ја победи Војводина за петти триумф во СЕХА-лигата

Вардар успеа да стигне до нов триумф во СЕХА-лигата, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја победи екипата на Војводина.

Вардар го започна овој меч без неколку важни играчи, недостасуваа Дисингер, Горбок, Стоилов, Атман, Горпишин и подолго отсутниот Толедо. За проблемите да бидат поголеми уште во првата минута од дуелот се повреди и Кристопанс кој мораше да ја напушти играта, откако го свитка десниот скочен зглоб. Кокшаров беше принуден на десната бековска позиција да игра со Чупиќ, додека на левата играше Кукуловски. Она што радуваше е добриот старт на голот на Кугис кој забележа две одбрани, додека натпреварот со гол го отвори Пелко. Црвено-црните имаа предност во текот на целото прво полувреме, шампионот на Србија само еднаш беше во позитива, по што Вардар постигна три голови во серија. За одбележување е тоа што не успеавме да реализираме два удари од седум метри, голманот Арсениќ се покажа како подобар при ударите на Дибиров и Чупиќ, додека и Војводина исто така не реализираше два седмерци, во првиот обид одбрани Кугис, додека во вториот удар противничкиот играч го промаши голот. Во игра мораше да влезе и Дибиров кој играше како лев бек. При резултат 5:5, Вардар направи серија од 5:1 и се одлепи на највисоки 10:6, но екипата на Војводина до крајот на првото полувреме успеа да го израмни резултатот. Предноста ја загубивме откако останавме со двајца играчи помалку, поради исклучувањата на Атанасовски и Калараш, период во кој противникот направи серија и го израмни резултатот. На полувреме се замина со резултат 11:11. Скубе и Димитриоски имаа по 3 гола, додека Кугис на голот имаше 7 одбрани.

На стартот од вториот дел, Вардар ја врати предноста, но Војводина ги користеше проблемите со кои се соочуваше нашиот шампион, па успева да поведе со 14:15. Добри минути за избраниците на Кокшаров кои направија серија од 3:0, со која поведовме со 17:15 во 40 минута. Не искористивме и напад за плус три гола, па гостинскиот тим повторно успева да израмни на 18:18 во 45 минута. Направивме голем исчекор кон победата кога постигнавме три последователни голови и поведовме со 23:20 во 53 минута. Кугис стигна и до двоцифрен број на одбрани, додека Чупиќ погоди за предност од 25:21 на пет минути пред крајот. Вардар до крајот го зачува водството и славеше триумф со резултат 26:23.

Кугис беше добар на голот со 11 одбрани. Скубе постигна 7, Димитриоски 6, додека Чупиќ 5 голови. Ова беше петта победа сезона во СЕХА-лигата за нашиот шампион