Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Игравме смирено и дојдовме до триумфот – Пелко: Се боревме до крајот и успеавме да победиме
Кокшаров: Игравме смирено и дојдовме до триумфот – Пелко: Се боревме до крајот и успеавме да победиме

Кокшаров: Игравме смирено и дојдовме до триумфот – Пелко: Се боревме до крајот и успеавме да победиме

Вардар, вечерва одигра нов натпревар, овој пат во рамките на СЕХА-лигата. И покрај заморот и отсуството на голем број на играчи, Вардар сепак успеа да ја победи Војводина и да стигне до петтиот триумф сезонава во ова натпреварување. Во најголем дел од натпреварот бевме во предност, дуел на кој Дибиров и Чупиќ играа како бекови, но и покрај тоа сепак бевме подобри од противникот. Славевме триумф со резултат 26:23. На прес-конференцијата, тренерот Кокшаров истакна дека целта била да се освојат бодовите, без оглед што имаме повредени ракометари и што излеговме на терен со преполовен состав.

-Имаме наши планови и мора да ротиравме на овој натпревар. И покрај тоа што имавме повредени играчи, нашата цел беше да го добиеме овој дуел. Со оглед дека не очекува тежок натпревар во Лигата на Шампионите против екипата на Киелце, ги штедевме силите за тој важен натпревар. Игравме смирено, иако Војводина даде голем отпор, сепак на крајот стигнавме до победата.

Малиот број на одбрани се главниот проблем сезонава за Европскиот Шампион. На вечерашниот дуел, Кугис имаше добро издание и забележа 11 одбрани, што не беше случај на мечот против Брест Мешков. Сепак Кокшаров имаше објаснување и истакна дека целта на тимот е да се пласира во 1/8 финалето на ЛШ.

-Би сакал на секој меч да имаме по 20 одбрани, сепак мора да играме поинаку во одбраната. Вчера примивме 30 голови, но имаше многу прекини во играта. Пред стартот на сезоната во екипата се случија големи играчки промени, на некои им е потребно повеќе време за да се вклопат во играта. Мора да имаме трпение. Првичната цел е да ја поминеме тешката група и да се најдеме во осминафиналето, а главните возбудувата доаѓаат после февруари, истакна Кокшаров.

Одличен денес беше и Пелко кој го понесе товарот на пикерската позиција.

-Екипата на Војводина ни пружи силен отпор. Одигравме два меча по ред, но ние го дадовме максимумот во овие 60 минути. Се боревме и на крајот успеавме да дојдеме до посакувана победа.