Вардар ја совлада Војводина за петта победа сезонава во СЕХА-лигата. Недостасуваа голем број на играчи, но сепак на крајот стигнавме до победата која беше изразена со резултат 26:23.
Димитриоски играше во текот на целиот меч, беше втор стрелец во нашиот состав со 6 постигнати голови, од кои еден беше прогласен за најдобар на мечот со Војводина.