Европскиот шампион, РК Вардар конечно успеа да триумфира во Загреб на дуелите против ППД Загреб во ЛШ, победувајќи со 29-23 (15-10) во меч од 7. коло на групната фаза од лигата на шампионите. Ова е наш прв триумф на теренот на хрватскиот првак, а шести сезонава, за 51 триумф воопшто во ЛШ. По мечот во нашиот табор беа задоволни од одиграното.
Завршивме одлича работа во Загреб. Знаеме како е да се игра на овој терен, добро се сеќаваме на мечот од минатата сезона и сторивме за да не се повтори. Арпад Штербик блескаше на голот , исто како и нашата одбрана од која сум презадоволен. Во првото полувреме постигнавме неколку лесни голови, дојдовме на осетлива предност, која ја задржавме во вториот дел и успеавме да ја зголемиме. Задоволен сум од победата и прикажаната игра-изјави Гонзалес.
Честитки до моите соиграчи за борбеноста во вториот дел. Се сеќаваме на минатата година и цел беше сега да влеземе и да излеземе од терен како европски шампиони. Покажавме квалитет и на крај се испадна супер, најмногу благодарение на извонредниот Арпад Штербик, но и на нашата одбрана која функционираше одлично. Пред нас се важни натпревари во Лигата на шампионите, целта е позната – одиме понатаму-изјави Карачиќ.