Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода
Дибирова: Успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода

Дибирова: Успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода

Вардарки и по пет одигран кола остануваат со максимален број на освоени бодови и се единствениот тим што можат да се пофалат со овој податок. Избраничките на Ирина Дибирова стигнаа до уште една многу важна победа во групата Ц, со која си го обезбедија првото место на табелата, во пресрет на одигрување на последното коло, кога на домашен терен ќе го пречекаме тимот на Турингер. Црвено-црните имаа во првиот дел четири гола предност, но во вториот дел ФТЦ благодарение на наклонети судиски одлуки успеаа да се вратат на мечот. Сепак на крајот Вардар беше екипата која славеше триумф со резултат од 28:29. Тренерот на Вардарки, Ирина Дибирова истакна дека екипата покажала карактер и кога не одело баш најдобро и дека треба да се смали бројот на грешки на следните мечеви.

-Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостасуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситуацијата. Девојките одиграа добро кога требаше. Мораме да работиме на што помалку грешки во играта. Сега се фокусираме на следниот меч со Турингер