Регионалната СЕХА Гаспром лига ги објави термините за 1/4-финалните мечеви, во оваа фаза се приклучува и бранителот на регионалната титула, Вардар. Нашите момци како лидери на групата ја пропуштија претходната рунда.
За нов пласман на Ф-4 турнир на четирите најдобри екипи во СЕХА , Вардар ќе мора да го мине хрватски, Нексе во двомечот. На првиот меч сме гости на 8.март, а Вардар е домаќин на возвратниот натпревар кој ќе биде на 15 март во СЦ “Јане Сандански“.
Тимот на Стефче Алушовски е бранител на трофејот, ние сме најдоминантен тим во ова натпреварување. Вардар го освојува големото финале трите последни сезони, а вкупно во СЕХА има пет титули.