Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар до 9/9 во групата-А, по победата кај Бутел

РК Вардар до 9/9 во групата-А, по победата кај Бутел

311045110_538730944927491_3558710944527593601_n

Нашиот, РК Вардар остана на првата позиција во  својата групата А,  денес дојдовме до  деветтата победа во ракометната машка  Супер лига. Црвено-црните победија со  26-23 против градскиот ривал Бутел.

На почетокот беше изедначено со по три гола во двете мрежи, потоа вардарци се одлепија на  6-3. Сепак домашниот тим  не се предаваше и ја врати резултатската неизвесност  кога намали на гол негатива, 7-8. Ние бевме подобри и на одмор заминавме со три позитива, односно со 16-13.

Вардар по воведните 5-6 минути во вториот дел  дојде до  пет голови разлика (19-14), сепак  Бутел нападна и успеа да  ја стопи негативата до  50. минута кога стигна до 20-21.  Во последните 10.минути бевме подобар ривал  и победивме со резултат  26-23.

Кај нас, Куни Моралес постигна 8 голови за Вардар, додека по три имаа тројца ракометари: Талески, Карапалевски и Стоилов.