Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар ја задржа лидерската позиција, „кикс“ на Воска, пораз за Пелистер
ФК Вардар ја задржа лидерската позиција, „кикс“ на Воска, пораз за Пелистер

ФК Вардар ја задржа лидерската позиција, „кикс“ на Воска, пораз за Пелистер

Вардарци стигнаа и до деветтата победа сезонава во ВМФЛ, откако беа подобри од екипата на Слога, на гостувањето во Виница. Црвено-црните одиграа добар натпревар и на крајот заслужено ги освоија бодовите, триумфирајќи со резултат 0:3, со головите на Јаневски, Мицевски и Христов.

Вчера се одиграа и останатите натпревари од 11.коло, во кое до победа стигна и Гостивар, додека Воска на домашен терен одигра само со нерешени 2:2 против екипата на Кожуф. Поразен беше и Пелистер на гостувањето кај Караорман, додека во добра серија се наоѓа Охрид кој славеше на гостувањето во Беса.

Комплетни резултати од 11.коло во ВМФЛ:

Караорман – Пелистер  2:1

Локомотива – Борец  3:2

Каменица Саса – Детонит  1:1

Беса – Охрид  1:3

Гостивар – Аресими  2:0

Воска Спорт – Кожув  2:2

Слога Виница - Вардар  0:3

Беласица – Тетекс  4:0

Вардар ја задржа лидерската позиција со 28 освоени бодови, пред екипата на Гостивар која има 27, додека Воска Спорт има 24. Охрид се искачи на високото четврто место со 22 бода.

Во следното 12.коло, на домашен терен Вардар ја пречекува екипата на Беласица.