Викендов почнува плеј-аут лигата таа беше составена од петте најслаби тима по крајот на регуларниот дел во машката ракометна Супер лига, во истата екипите ќе разигруваат за опстанок. Во овој сегмент се најде младата екипа на РК Вардар Јуниор составена од млади ракометари и предводена од Стојан Петрушевски. Покрај нас во оваа лига се најдоа тимовите на Металург 2, Борец, Радовиш и Прилеп.
Првиот предизвик за црвено-црниот тим е екипата на РК Радовиш, нашите млади ракометари утре, сабота 24.март гостуваат во истоимениот град во рамки на првото коло од плеј-аутот. Натпреварот ќе се игра со почеток во 19-00 часот. Табелата во плеј-аутот лигата се формира од меѓусебните мечеви на екипите која ја сочиниваат, одиграни во регуларниот дел. Па така со 20.бода лидер е токму РК Радовиш, а ние и тимот на ГРК Борец од Велес сме на дното со по 9.бода.