Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нови предизвици за машките и женските млади ракометни екипи на Вардар (распоред)
Нови предизвици за машките и женските млади ракометни екипи на Вардар (распоред)

Нови предизвици за машките и женските млади ракометни екипи на Вардар (распоред)

Пред нас е нов викенд, а во него повторно на прогамата се нови ракометни натпревари на младите ракометни екипи на Вардар. Овој викенд на терените свои предизвици ќе имаат машките и женските екипи на црвено-црниот ракометен колектив.

Кај момците мечеви играат три категории, младинците на РК Вардар предводени од Чивлачки и Грчевски гостуваат кај тимот на РК Металург, дуелот се игра утре со почеток во 13-30 во салата во населбата Автокоманда. Другата младинска екипа на РК Вардар Јуниор, предводена од Пепи Манасков е домаќин. Тие во салата “Кале“ ја пречекуваат екипа на РК Ринија в понеделник, 26.март со почеток во 15-00 часот. Пионерите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир ќе атакуваат на нова победа и продолжување на 100% ефект во лигата. Тие гостуваат кај екипата на РК Металург-2, дуелот се игра утре, сабота 24.март во салата “Круме Кепевски“ во Скопје со почеток во 13-00 часот. Помладата пионерска екипа на Вардар Јуниор предводена од Зоран Петковски-Зенга исто така настапува утре, тие со почеток во 10-30 минути играат со тимот на РК Металург во Автокоманда.

Кај дамите младинките на ЖРК Вардар предводени од Платон и Кузмановска немаат дуел овој викенд, а нивната пионерска екипа гостува, утре, сабота 24.март. Тие во 14-00 часот ќе одиграат дуел во салата во населбата Ѓорче Петров против екипата на РК Велкова-5. Кадетската екипа на Вардар Јуниор предводена од Драгана Ристова- Пецевска утре во салата “Кале“ е домаќин на тимот на Неготино, во рамките на првото пролетно коло. Натпреварот ќе се игра со почеток во 17-30 часот.