Денес продолжуваат возбудувањата во машката ракометна Супер лига, на програмата е новото седмо првенствено коло во сезоната 2016/2017. Во истото нашиот втор ракометен колектив, младиот тим на РК Вардар Југиор е гостин.
Младите вардарци, избраниците на Стојан Петрушевски гостуваат кај втората екипа на плаво-белите од Автокоманда. Дуелот со тимот на РК Металург-2 е закажан за вечерва во 18-00 часот. Истиот ќе се одигра во спортската сала “Автокоманда“. Вардарци по шест кола се претпоследни со четири бода, тие во последниот меч дома одиграа реми со велешки ГРК Борец, мечот заврши со нерешен резултат 31:31. Домаќините се седмопласиран тим со две победи , две нерешени и исто толку порази на своето конто. Подмладенит РК Вардар ќе се обиде во овој дерби меч на вторите екипи да оствари позитивен резултат. Во следното коло кое е закажано за на 29/10/2016 (сабота) во спортскиот центар “Кале“ сме домаќини на новолигашот тимот кој е прва година во машката ракометна суперлигашка конкуренција, битолскиот тим РК Еурофарм Работник. Влезот на овој првенствен натпреварот е слободен.