Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар-2 утре домаќин на ГРК Тиквеш, момците на Зенга атакуват на 4/4 и зачувување на врвот
РК Вардар-2 утре домаќин на ГРК Тиквеш, момците на Зенга атакуват на 4/4 и зачувување на врвот

РК Вардар-2 утре домаќин на ГРК Тиквеш, момците на Зенга атакуват на 4/4 и зачувување на врвот

Викендов продолжувааат возбудувањата во машката ракометна прволигашка конкуренција. Третиот сениорски вардаров тим, нашите  ракометари од најмладиот црвено-црн сениорски РК Вардар 2 се домаќини во рамките на четвртото  коло.

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга во спортско рекреативнот центар  „Кале” ќе ја пречекаат  екипата на ГРК Тиквеш која доаѓа од Кавадарци. Овој дуел во Првата лига  е закажан за в сабота,  истиот има почеток во 16-00 часот. По одиграните досега три есенски кола ние сме лидери на табелата во Прва лига со три победи, а кавадарскиот тим има одиграно два натпревари и забележа  еден триумф и еден пораз. Наши “жртви“ досега во воведните кола беа:  екипата на Струга , Партизан од Гевгелија и штипски Текстилец. Утре ќе се одиме на чеири од четири и задржување на врвот од прволигашката табела.  Влезот на утрешниот  првенствен натпреварот е слободен.