Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов продолжуваат натпреварите за младинските екипи на РК Вардар
Викендов продолжуваат натпреварите за младинските екипи на РК Вардар

Викендов продолжуваат натпреварите за младинските екипи на РК Вардар

Во сабота и недела продолжуваат натпреварите за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

Пионерите ќе се обидат да се вратат на победите, откако во претходното коло ремизираа со екипата на Аеродром. Тие во четвртото коло се среќаваат со екипата Бутел на гостински терен. Мечот е закажан за сабота од 11 часот.

Младинците на РК Вардар вчера ја стартуваа новата сезона, играјќи нерешено со екипата на Пелистер. Овој меч се одигра на Кале и заврши со нерешен резултат од 27:27. Веќе во сабота го играат натпреварот од второто коло, гостуваат во Прилеп на истоимената екипа. Мечот ќе започне од 12 часот. Другата младинска екипа на Вардар Јуниор по стартниот триумф против Делчево, ќе има гостување во Струмица на екипата на Макс Струмица. Натпреварот ќе се одигра во сабота од 12:30 часот.

Натпревари ќе одиграат и двете кадетски екипи и тоа тимот на Вардар во сабота е гостин на РК Кчево, од 13 часот, додека Вардар СЦЈС својот меч ќе го одигра во вторник и тоа во Куманово.