Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Од среда замена на ваучерите со пластифицирани картички
РК Вардар: Од среда замена на ваучерите со пластифицирани картички

РК Вардар: Од среда замена на ваучерите со пластифицирани картички

Од ракометниот клуб Вардар излегоа со информација за имателите на сезонски билети, во истата се вели следново:

Сите иматели на сезонски билети за натпреварите на Вардар од среда своите ваучери ќе може да ги заменат со пластифицирани картички.
Замената ќе се врши секој работен ден на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” од 10 до 18 часот.

Повеќе информации може да се добијат на телфонскиот број 02/2 401 980 или на info@ticketplus.mk

Сезонските биле овозможуваат бесплатно следење на натпреварите на Вардар на натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите, во СЕХА Газпром лигата и во домашното првенство.

Во тек е регуларна продажба на билети за следните две средби од Лигата на шампионите, против екипите на Мешков и на Барселона, na 3 ноември и на 11 ноември.
Продажбата се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и преку www.ticketplus.mk