Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор гостува кај тимот на РК Прилеп 2010
Вардар Јуниор гостува кај тимот на РК Прилеп 2010

Вардар Јуниор гостува кај тимот на РК Прилеп 2010

Викендов на програмата во машката Супер лига е 12.коло од сезоната 2018/19. Во истото тимот предводен од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, младиот колектив Вардар Јуниор ќе гостува кај тимот на РК Прилеп 2010 во истоимениот град.

Ова е средба со директен конкурент од зоната за испаѓање, прилепани досега имаат освоено 7.бода, а црвено-црните два повеќе, односно девет. Ние сме во низа од три меча без успех па овој меч ќе биде прилика да дојдеме до победа. На првиот дуел одиграна во “Јане Сандански“ во Скопје, црвено-црните дојдоа до победа со  минимални 29-28.

 Судиската првада на дуелот кој е закажан за сабота, 1.декември со почеток во 19-00 часот во салата “Р.Р-Ричко“ ќе ја делат Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.