Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Стоилов: Тие секогаш провоцираат особено нивниот тренер; Парондо: Најважно да не ја губиме концетрацијата
Стоилов: Тие секогаш провоцираат особено нивниот тренер; Парондо: Најважно да не ја губиме концетрацијата

Стоилов: Тие секогаш провоцираат особено нивниот тренер; Парондо: Најважно да не ја губиме концетрацијата

Вардар во сабота во рамки на последното есенско, 10 коло од ЕХФ Лигата на шампионите во “Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на полски Киелце. Со дуелот на поранешните европски прваци ќе завршат возбудувањата во најквалитетната клубска лига на светот. По тој повод денес на прес-конференцијата на Вардар своие видувања за мечот дадоа тренерот и капитенот на црвено-црните.

Стоилов: Не очекува тежок натпревар против тежок противник со одлични ракометари. Играме дома и за нас и за целокупната јавност ќе биде навистина убаво да победиме. Многу сакаме да ја завршиме годината во Лигата на шампионите со победа и се надевам дека ќе успееме да го направиме тоа. Келце е познат по провокации особено нивниот тренер. Се надевам дека нема да подлегнеме на нив. Наше е да излеземе на терен, да дадеме сè од себе и да победиме Очекувам провокации сигурно. Тие така играат, провоцираат, особено нивниот тренер, но се надевам дека нема да подлегнеме. Наше е да излеземе на теренот и да победиме, тоа е тоа.

Парондо: Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу брз ракомет, добра одбрана и имаат одлични ракометари. Ќе се обидеме да се подготвиме максимално. Најважно за нас е да играме 60 минути добар ракомет. Ако го направиме тоа ќе имаме големи шанси. Нашиот проблем досега беше што имавме 5-10 минути во коишто паѓавме. Мислам дека на никого не му треба посебна мотивација за овој меч. Сакаме да победиме на домашен терен и мечот може да биде многу важен за нас зашто со тие два бода ќе ја освоиме втората позиција.