Над дваесеттина деца го гледаа мечот од трибините, додека една група од седум деца за време на полувремето се симнаа на теренот и си подаваа топки со нашите млади ракометари од Вардар Јуниор. Децата особено се воодушевија кога пред голот застана и голманот Марко Кизиќ, кој потоа и бранеше во второто полувреме и имаше 4 успешни одбрани. Нивните лица светеа толку силно од среќа, што дури и очите им беа насмеани. За неколку моменти беа дел од магијата на спортот, од шампионскиот сон на Вардар, и имаа и можност да постигнат гол додека пред нив бранеше професионалец.
Децата одлично се вклучија на мечот. Навиваа и аплаудираа кога вардарци ќе постигнеа гол, и се радуваа заедно со останатите навивачи, покажувајќи дека секоја активност за нивна инклузија е добредојдена и силно посакувана. Целата вест -тука!
