Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Во Скопје не очекува полна сала, се надевам дека ќе имам топол пречек
Циндриќ: Во Скопје не очекува полна сала, се надевам дека ќе имам топол пречек

Циндриќ: Во Скопје не очекува полна сала, се надевам дека ќе имам топол пречек

Во сабота на натпревар од Лигата на Шампионите, гостува екипата на Киелце во Скопје. Ова е последен дуел за црвено-црните за оваа календарска година, што се однесува до настапите во Лигата на Шампионите. Со победа, Вардар ќе се искачи на второто место на табелата. Во составот на Киелце за саботниот дуел се наоѓаат и двајца поранешни играчи на Вардар, со кој успеаа да ја освојат Европската титула пред две сезони. Се работи за Душебаев и Циндриќ. Иако не беше сигурен настапот на Лука против Вардар, сепак како што тој изјавува ќе излезе на теренот, против неговиот поранешен клуб. Циндриќ очекува полна сала и топол пречек од вардаровите навивачи.

Во наредните часови ќе ги имам последните прегледи и докторот ќе одлучи дали ќе играм.Се чувствувам добро, немам проблеми и се надевам дека ќе имам одобрение за настап, затоа што со Киелце не чека важен меч. Што се однесува до дуелот во Скопје, таму не очекува полна сала. Атмосферата ќе биде одлична, сите места ќе бидат полни исто како во Полска, само што луѓето ќе навиваат против нас. Се надевам дека барем нема да ме исвиркаат и дека ќе имам топол пречек. Минав убави три години во Вардар, се уште имам пријатели во Скопје. По мечот ќе имам добра шанса пак да разговарам со нив и да одам на вечера.

Дуелот во сабота ќе стартува од 17:30 часот.