Михал Јурецки сепак нема да дојде во Скопје. Причината е повреда на искусниот бек шутер на тимот на Келце.
Од една страна ова е разочарувачка вест за навивачите на Вардар, кои со посебен мотив го „чекаа“ Михал во „Јане Сандански“ , а од друга страна е добра вест за Парондо и тимот на Вардар, бидејќи е познато дека овој играч игра со посебен мотив против нашиот тим.
Покрај Јурецки, во тимот на Келце на натпреварoт во сабота ќе ги нема ниту Бис, Мамиќ и Криштоф Лијевски. Циндриќ ќе биде подготвен за настап.