Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Романците Дину и Дин ќе го судат мечот од Л.Ш во сабота со Рајн – Некар
Романците Дину и Дин ќе го судат мечот од Л.Ш во сабота со Рајн – Некар

Романците Дину и Дин ќе го судат мечот од Л.Ш во сабота со Рајн – Некар

На мечот од четвртото коло во ЕХФ лигата на шампионите кој ќе се одигра оваа сабота помеѓу македонскиот шампион РК Вардар и германскиот преставник  Рајн Некар Левен ракометната правда ќе ја дели романска судиска двојка.

Европската куќа на ракометот за овој дуел ги назначи за арбитри романските интернационални судии Сорин-Лаурентиу Дину и Константин Дин. За делегат ЕХФ одлучи на дуелот кој го прогласија за дерби на овоа четврто коло од најквалитетната европска машка ракометна лига да биде Томо Водопивеќ од Словенија. Мечот е со почеток во 17-30 часот во С.Ц Јане Сандански и за сите кој нема да бидат присутни во нашиот спортски храм ќе има директен ТВ-пренос на првиот програмски канал на Македонската радио и телевизија.