Македонската сениорска репрезентација е поразена на стартот од квалификациите, за европското првенство кое во 2016 ќе се одигра во Шведска. Во градот Бар, домашната селекција на Ц. Гора беше поуспешна, забележувајќи победа со резултат 21:14. Црнагорките на стартот од натпреварот направија серија од 4:0, ние првиот погодок го постигнавме дури во 8 минута. Сепак во продолжение гледавме подобра игра на нашата репрезентација, која успеа да намали на 8:6 во 25 минута. Сепак во последните пет минути од првото полувреме, домаќинот заминува на пауза со солидна предност од 12:8.
Решавачкиот исчекор кон првиот триумф, избраничките на Аџиќ го прават на стартот на вториот дел, кога со серија од 4:0 зголемуваат на високи 16:8. Оваа разлика се одржуваше до крајот на мечот, за конечни 21:14 на овој прв квалификациски дуел. За Ц.Гора настапија Кликовац и Грбиќ.
Најефикасна во нашиот состав беше Елена Ѓоргиевска со 4 голови. Забележителна улога имаа и нашите Вардарки. Сара Ристовска беше втор стрелец со 3 постигнати голови, додека голманката Петковска се истакна со 10 успешни интервенции. Теодора Керамичиева од вториот тим на Вардар, еднаш се запиша во листата на стрелци.