Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > КУП: РК Вардар со 52 гола во мрежата на Металург-2
КУП: РК Вардар со 52 гола во мрежата на Металург-2

КУП: РК Вардар со 52 гола во мрежата на Металург-2

Денес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, РК Вардар ја почна одбраната на Куп пехарот. Во дуелот кој беше полуфинале од четвртфиналната група се сретнавме со младиот тим на РК Металург-2. Момците на Гонзалез дојдоа до лесна победа против овој противник и со закажаа дуел попладне. Ние триумфиравме со високи 24:52 (12:27).

Разликата во квалитет беше очигледна во почетните минути, иако игравме со ко0мбиниран тим, на среден бек ги искористивме Чупиќ и Поповски  на денешниот дуел. Лесно поведовме на почетокот. по првите 30.минути на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 15 гола предност за нас, 27-12.
Вториот дел беше чиста формалност, единствено прашање беше дали ќе отидеме над 50 погодоци на овој натпревар. На крајот триумфиравме со постигнати 52 гола наспроти 24 на младиот сино-бел тим од Автокоманда. Попладнево ќе играме за пласман на завршницата во Битола со победникот од дуелот ГРК Борец и Металург јуниор,

ВАРДАР: Ѓорѓески (16 одб.), Милиќ, Стоилов, Недановски 5, Поповски 7, Мораеш 14, Македа 8, Канељас 1, Циндриќ, Чупиќ 9, Војводиќ 8.