Руската ракометна репрезентација за која настапија играчи од Вардар заврши на второто место на турнирот во Аргентина. После поразот од домашната селекција, Русија успеа да забележи победи на следните два дуели, против селекциите на Полска и Шпанија Б.
На дуелот со Б селекцијата на Шпанија, избраниците на Едуард Кокшаров славеа триумф со резултат 32:28. На полувреме исто така имаа предност од 21:15. На овој меч, од вардаровите ракометари во листата на стрелци се запиша само Сергеј Горпишин кој постигна еден гол.
Русија триумфираше убедливо и во дуелот со Полска 19:30, додека на полувреме имаа водство од 8:17. Даниил Шишкарев постигна три гола, додека Глеб Калараш беше стрелец на два гола.