Ракометарите на Вардар стигнаа до својата 20.победа во домашното првенство. Денес во С.Ц. Јане Сандански убедливо ја победивме екипата на Струга со резултат 35:22
Ниту во еден момент немаше резултатска неизвесност на натпреварот, само првите минути резултатот беше израмнет на 2:2, по што следеше серија на црвено-црните. Како одминуваше првото полувреме, така константно растеше нашето водство. На полувреме се замина со резултат 20:8.
Давид Дејвис шанса за настап им даде на сите ракометари кои му беа на располагање. Второто полувреме го одработивме рутински, на крајот стигнавме до висока победа.
Во нашите редови најефикасен беше Тимур Дибиров со 7 постигнати голови, Патрик Валчак и Дијало Бакари имаа по 5 погодоци, додека Стефан Додиќ постигна 4 голови.