Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја запиша првата пролетна победа

Вардар ја запиша првата пролетна победа

Вардар ja забележа првата пролетна победа, откако попладнево славеше како домаќин над Тетекс со резултат 2:0. Головите вредни три бода ги постигнаа Блажевски и Глишиќ.

По првиот дел Вардар имаше предност од 1-0 со гол од пенал во последните мигови од првото полувреме. Гачевски Филип ја покажа класата, па така на два наврати со одлични интервенции спаси сигурни погодоци на Тетекс. Вардар имаше една добра шанса преку Блажевски, но одбрани Митев. Кога се чинеше дека ќе се замине на пауза со почетните 0-0, Наумоски беше соборен во шеснаесетникот на противникот, а Блажевски успешен реализатор од пенал за водство на Вардар од 1:0. Сјајна атмосфера приредија Комитите и Војводите во Маџари.

Во вториот дел Вардар го имаше поседот на топката, но не створи некоја посериозна шанса за втор гол и да го реши победникот на овој дуел. Во 74.минута Ване Јованов имаше добра шанса, но биеше многу лошо па така пропадна и оваа прва шанса за гол во продолжението од мечот. Во 79.минута Николов поради втор жолт мораше да го напушти теренот. До крајот на дуелот Вардар постигна уште еден погодок преку Глишиќ за конечни 2:0.