Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар покажа зашто е лидер на табелата, „разбиен“ тимот на Деспина

ЖРК Вардар покажа зашто е лидер на табелата, „разбиен“ тимот на Деспина

Девојките на Ристова и Царчев, тимот на ЖРК Вардар покажува зашто е лидер на табелата, црвено-црните дами денес дојдоа до 3/3 во плеј-офот. Ја совладавме екипата на Деспина во „Јане Сандански“ во меч во кој доминиравме од 1.минута до крајот на истиот, победивме со резултат 36-17 (18-07).

274946059_10221045846718034_5261022521301661427_n
Доминиравме по 5.минути игра веќе водевме со 4-0, прилепчани веднаш побараа тајм-аут со цел да ја прекинат нашата серија. Одличен потег имаше голманот Илиќ, таа успеа да погоди за 5-0 од гол на гол на атрактивен начин. Во 12.минута со двата врзани гола на Бојана Коцева поведовме со високи 8-0, противникот нашиот голман го совлада дури во 13.минута. Направија мала серија 0-3 и намалија на пет гола (8-3) тоа беше се што можеа да прикажат. Во 23.минута ја пробивме двоцифрената граница и поведовме со 10.гола, преку Миновска која погоди за 15-05. Најубавиот момент денес го видовме во 26.минута кога Трпевска упати „цепелин“, Миновска атрактивно ја прифати топката и стрелаше. На одмор заминавме со резултат 18-7. Одлични беа сите девојки, Миновска имаше највеќе голови во првиот дел, четири.

274892387_10221045843357950_6237588516990307115_n 274787012_10221045845838012_8698853220676607903_n 274732647_10221045845638007_4670368436319708599_n 274724649_10221045846758035_669676288211184729_n 274705875_10221045844757985_105092497214549801_n

Ристова даде шанса на целиот ростер, одлично игравме па по 10.минути ракомет доминиравме на теренот. Отидовме на плус 15.гола (25-10) со голот на Марија Николовска. Во нападот бевме одлични, во одбраната непремосливи, заедно со расположената Трајкоска помеѓу стативите. На почетокот на 51.минута водевме со убедливи 20 гола (32-11) по одлично изведениот пенал на Тошевска Магдалена која прв пат е во составот во оваа 2022 година, и денес го дели првото место на листата на стрелци со Миновска. Се беше рутина до крајот на дуелот, ние имавме одлична игра, постојано ја одржувавме предноста близу дваесет гола повеќе од гостинскиот тим. Прилепчанки ги совладавме со резултат 36-17 на оваа средба.

274686598_10221045847478053_2417228827825373736_n
По 6.гола имаа одличната Миновска Сара и Магдалена Тошевска која само за 10-сетина минути го наполни голот на ривалот, Коцева Бојана даде 5.погодока, 4.гола беа дело на Марија Николовска.

274663763_10221045844117969_5906566402952719680_n
Кај голманите, Трајкоска Јована сопре 6.топки, Ѓорѓиевска одбрани 5.удара, Илиќ имаше 4.одбрани и еден гол на оваа средба.