Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар триумфално со ФК Победа

Пионерите на Вардар триумфално со ФК Победа

Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа на средбата од првото пролетно коло на домашен терен со тимот на ФК Победа од Прилеп. Црвено-црните момци остварија успех и триумфираа со резултат 1-0 (1-0) во ова воведно коло во 2022 година.

274779562_10221045664953490_8960583688986255658_n
Саше Божиноски натпреварот го започна со следните 11 момци: Апостоловски Илија , Трајчевски Александар,  Фидановски Зоран, Бундалески Максим, Митревски Матеј , Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Кузмановски Михаил, Уневски Никола и Цикарски Дамјан.

274810625_10221045664153470_6647140184251697855_n
Почетокот ни припадна на нас, ние имавме повеќе од поседот на топката и доминација на теренот. Сепак ова е прво првенствено коло па шансите доаѓаа малку потешко, нашите момци се обидуваа да имаат креација, сепак завршицата фалеше. Двата тима на овој дуел од супер лигата за пионери немаа конкретни прилики за гол се до 40.минута. Возбудувањата ги видовме во последните минути од првиот период, најпрвин се закани Лука Јакимовски чиј удар беше блокиран од непосредна близина и противничката одбрана ја отстрани опасноста. Се играше последната, 45.минута од овој дел, Јакимовски Лука одлично го пронајде на десниот агол од казнениот простор Зоран Фидановски, кој одлично ја прими топката и исфрли еден чувар. Со лукав удар во спротивниот агол погоди за наша предност од 1-0, судијата на овој меч веднаш по изведувањето на топката од центарот на ФК Победа по нашиот постигнат гол одсвире полувреме, ние буквално погодивме во последните 10.секунди од овој период и донесовме предност на одмор.

274784279_10221045665673508_1926058744846042419_n 274740565_10221045666353525_7693542883741517019_n 274709465_10221045662993441_436690450378031314_n 274696337_10221045663593456_4632516223801468624_n

Вториот дел започна со наша инцијатива и прва прилика на стрелецот на голот Фидановски. Потоа Цикарски се закани кон голот на гостинот. Момците на Саше Божиноски имаа доминација на теренот во текот на целиот втор дел, ние бевме тимот кој имаше голем број на прилики, сепак дуелот заврши само со голот постигнат во 45.минута. Кукуловски се закани најпрвин, потоа две прилики имаше нововлезениот Јаневски Михаил. Нашите прилики се редеа како на филмска лента, последни закани имаа Митревски и Туша Аргон, кон голот на противникот на оваа средба на која дојдовме до три бода.

274703730_10221045662873438_6136143742707206820_n

Во игра влегоа:  Јаневски Михаил, Сековски Дарко, Ристовски Стефан,  Радевски Филип, Туша Агрон и  Нурединовски Алтин.

274692669_10221045664193471_1421423268009796988_n