Девојките на Ристова и Царчев, тимот на ЖРК Вардар дојдоа до 3/3 во плеј-офот, тие ја совладавме екипата на Деспина во „Јане Сандански“ во меч во кој доминиравме со резултат 36-17 (18-07). Покрај големиот број на голови имаше и спектакуларни моменти за одбележување.
Два потега го одбележаа мечот, Трпевска Ивона имаше топка на десната крилна позиција, кога сите очекуваа удар упати атрактивен „цепелин“ до Миновска Сара, која уште поатрактивно ја заби топката во мрежата на гостинките. Голманот Илиќ Андреа успеа да постигне гол преку целиот терен и да се запише во листата на стрелци. Видео од овие црвено-црни атракции може да погледнете-ТУКА