Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > 40-ка за Пролет, во сабота по титула!
40-ка за Пролет, во сабота по титула!

40-ка за Пролет, во сабота по титула!

Вардар ја продолжи победничката низа во Супер Лига. До трета победа, од исто толку натпревари, нашите момци дојдоа денеска со победата над Пролет со убедливи 40:25
На самиот старт првите 15-тина минути Пролет се држеше добро, потоа со една серија Вардарци се одлепија, и го направија натпреварот извесен, како и што се очекуваше.
На овој натпревар добија минутажа скоро сите ракометари.
Со оглед на фактот дека ова е маратонска недела за Вардарци, тренерот Раул Гонзалез поголема минутажа им даде на играчите што се во втор план.

Најефикасен во нашиот табор беше Столе Стоилов со 7 погодоци, Лазаров придодаде 6, за убедливи
Вардар – Тинекс Пролет 40:25
Следува натпревар за титула, доколку во сабота нашите момци го добијат градскиот ривал Металург со голема разлика, титулата ќе биде решена уште по само 5 одиграни кола.
Напред Вардар!