Кадетите предводени од Зоран Петковски и пионерите на тренерот Горан Стојков вечерва околу 23:00 се очекува да тргнат за Босна и Херцеговина, каде ќе бидат дел од меѓународен ракометен турнир-Завидовиќи – Жепче 2015 . Ова е голема можност за двете наши категории да одиграат силни мечеви со квалитетни противници надвор од земјава. Ова ќе биде второ издание на овој турнир, на кој учество ќе земат дванаесет екипи и голем број на млади надежи. Секако ова е едно големо искуство за нашите ракометари, во тек на понатамошната играчка кариера.
Кадетите на Вардар се во група со екипите на :
-Никшиќ 2014
-Челик Јуниор и
-Жепче.
Пионерите ќе се сретнат со екипите на :
-Урбанскапе Лока 1
-Никшиќ 2014
-Локомотива и
Жепче.