Од вчера во слободна продажба беа пуштени билетите за натпреварот од 4-то коло против Металург од ракометната Супер Лига. Одличен потег направи управата на Вардар, која одреди пристојна цена од 100 денари за трибина, за сите љубители на Вардар да дојдат да го поддржат црвено – црниот тим во борба за титулата во Македонската лига.
Билети може да се набават пред билетарата на ”Јане Сандански” или онлајн на интернет преку страната на karti.com.mk
Најавено е пристуство и на навивачите на Металург.
Дојдете во сабота да го бодриме Вардар во походот кон титулата!